дома Балкан Стоилковски: 25.500 евра за две машини за перење за транспортна фирма?

Стоилковски: 25.500 евра за две машини за перење за транспортна фирма?

254
0
АКЦИЈА

Почитувани, фатени живи на дело, купуваат две машини за перење за 25.500 евра, цели 10.000 повеќе од пазарната вредност на двете машини. Откако скандалот го објавивме, Александар Наумовски, градоначалникот на Ѓорче Петров од СДСМ, во паника порачува дека внимавајте градинката која што всушност ја прави таа набавка и е потписник на договорот сега немала пари, а договорот ќе се раскинел, а тој немал никаква врска со тоа, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Почитувани, фатени се на дело. Ова е договор по спроведена постапка. Како е можно за тендер вреден според Ѓорче Петров 25.500 евра за само две машини за перење да нема други заинтерсирани фирми. Во услови на рецесија, во услови на криза, во услови на економски „стоп-кадар“, нема заинтересирани фирми за набавка којашто според документите овозможува разлика во цена од цели 10.000 евра за набавка на две машини за перење? Дотолку оваа набавка била неатрактивна затоа што за неа се појавила само една фирма, според зборовите на градоначалникот Наумовски, според Централниот регистар, но и според податоци во УЈП, фирма со основна дејност-транспорт. Ова се тие извадоци од документите од Централен регистер и документи од УЈП, вели Дон Холдинг ДООЕЛ Скопје, добитникот на тендерот којшто вели претежна дејност товарен патен транспорт, правна форма, ова е преглед на даночен обврзник, друштво со ограничена одговорност на едно лице, дејност товарен патен транспорт, место со адреса Скопје, Ѓорче Петров. Фирма со седиште во Ѓорче Петров е единствена на тендер со целосна документација за набавка на две машини за перење во вредност од 25.500 евра. Но, ова е и фирма којашто е добро позната и на Александар Наумоски, градоначалникот на Ѓорче Петров и на директорката на градинката „Росица“ која што го прави тендерот, го потпишува договорот. Само во април и во мај годинава имаат потпишано 4 договори.4 тендери за два месеци вкупно тешки над 180.000 евра. 4 договори на фирмата Дон Холдинг од Ѓорче Петров, два со Александар Наумовски, градоначалникот на Ѓорче Петров, два со градинката водена од директорка, кадар на Александар Наумовски од СДСМ, вели Стоилковски.

Тој додава дека истата фирма, според Наумовски, истата фирма од Ѓорче Петров, може да поставува урбана опрема, може да одржува столарија, да врши браварски услуги, да лепи плочки и може да набавува електрична опрема, две машини за перење, две за 25.500 евра и да нема друга фирма заинтересирана за тој тендер.

-Прашање на коешто Наумовски мора да одговори е дали зад овие тендери стои чист бизнис интерес и врски, партиска врска или можеби стојат и некои други семејни врски? Не е ни чудо што Алексадар Наумовски пишува панични соопштенија по обелоденувањето на скандалот. Самиот факт што е спроведена тендерска постапка, со само една понуда со нереална висока цена, фактот што е потпишан договор, фактот, што сега по објавување на скандалот се најавува дека немало да се реализира набавката, фактот што сега наводно одеднаш по се градинката немала пари за набавка е случај за истражните органи. Набавката, потпишаниот договор во Ѓорче Петров, реакцијата на Александар Наумовски, покажуваат само едно, дека СДСМ е најлошото што може да се случи во вашата и во секоја општина во Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here