Братски поздрав: Изучување на српскиот јазик во Република Македонија внесе паника кај бугарските политичари. Почитувани соседи, без паника, никој не рече дека српскиот јазик треба да се изучува факултативно во Бугарија. Велите дека во Македонија има 30.000 илјади срби, да не сте постигнале договор и по ова прашање за претстојниот попис во Македонија? Вие тврдите дека во Република Македонија има преку 100.000 илјади бугарски пасоши… Верувам, но едно е пасош Бугарски а друго е националност тоа треба да го разграничите! Имавте голема стеќа да улетате во Европската Унија, и благодарение на таа среќа што ја имавте македонците вадеа бугарски пасоши. Замислете доколку Република Србија им овозможи на македонците да можат да се стекнат со српско државјанство и притоа и ако не е членка на Европската Унија, што мислите дека не би имало преку 500.000 илјади државјанства? Би ве посоветувал братски и пријателски да се угледате на Република Србија и нејзиното актуелно раководство кое нема комплекс да ги негува сите национални малцинства како што се македонците, бугарите ромите и сите останати и да им дозволуваат да си ја изучуваат нивната култура и национална специфичност како што се јазикот,историјата и сите нивни културни обележја. Нема љубов на сила, а љубов на сила е казниво дело сегде во светот, а ако сакате да ве сакаат и почитуваат покажете и вие почит према соседите а не да ги негирате! Зарем не е едноставно? Но јасно е начекавте добра прилика па сега ако не ви упали никогаш во иднина нема да ви упали, поради тоа што уште кратко ќе биде на власт оваа структура политичари! Јас лично ја почитувам Бугарија и бугарскиот народ, но недај боже ни на памет не ми паѓа да кажам дека бугарите се срби. Знаете и вие сами дека што повеќе јазици знаете толку сте побогати. Позборувајте со Премиерот на Македонија Зоран Заев можеби на вашиот притисок, бугарскиот јазик ќе го прогласи за слузбен јазик во Република Македонија. Србија и Бугарија имаат исклучително добри односи, нека остане така немојте да пробувате да ја вовлекувате Србија во непотребна и вештачка расправија за да си ги исполните вашите цели кон Македонија и да ги протнете вашите барања на мала врата со скренување на внимание кон Србија и српскиот народ во Република Македонија!!!
дома Балкан Претседателот на Српска Напредна Странка во Македонија Драгиша Милетиќ: По хистеричните изјави...