дома Вести Во Холандија протести против полицискиот час, уапсени повеќе од 100 лица

Во Холандија протести против полицискиот час, уапсени повеќе од 100 лица

336
0

Холандската полиција употреби водени топови за разбивање на протестите организирани поради ограничувачките мерки против коронавирусот во центарот на Амстердам и уапси повеќе од 100 лица поради фрлање камења и употреба на пиротехнички средства.

Протестот се случи еден ден откако Владата воведе ноќен полициски час, првпат по Втората светска војна.