дома Економија Претседателот на Кина Си Џипинг се обрати на Светскиот економски форум

Претседателот на Кина Си Џипинг се обрати на Светскиот економски форум

387
0
АКЦИЈА

Претседателот на Кина Си Џипинг на Светскиот економски форум:

Човештвото сигурно ќе ја победи пандемијата. Кинескиот претседател Си Џипинг денска одржа говор на Светскиот економски форум, кој оваа година наместо во Давос се одржува во онлајн формат.

Си во оваа прилика нагласи дека пандемијата сеуште не е зевршена и дека борбата против Корона вирусот и понатаму продолжува, но рече дека цврсто верува дека “Ладната зима неможе да го запре доаѓањето на пролетта” како и што “Мрачната ноќ не може да го сокрие светлото на зората”.

Човештвото сигурно ќе ја победи пандемијата на ковид-19 и ќе продолжи да расте и напредува во борбите против катастрофите, наведе кинескиот претседател.

Си Џипинг истакна дека разликите во историјата, културите и друштвените системи на различните земји постојат од давнешните времиња и дека тие и се својствени на човечката цивилизација. “Без различности не би постоела ни светската цивилизација. Разноликоста е објективна стварност и таа ќе постои секогаш”, наведе Си.

Тој рече дека разноликоста не е страшна, туку дека ароганцијата е ужасна работа, предрасудите и омразата. „Она што е страшно е наметнувањето на другите сопствена култура и друштвено уредување (систем). Земјите би требало да промовираат размена и замно почитување и да и даваат замав на развојот на и напредокот на човечката цивилизација. Ниедна земја не може сама да ги реши проблемите со кои се соочува човештвото, туку мораме заедно да спроведуваме акции, размени и соработка”, нагласи кинескиот претседател

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here