дома Балкан Ахмети: Веруваме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине емотивни ситуации

Ахмети: Веруваме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине емотивни ситуации

266
0
АКЦИЈА

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека верува во решавање на македонско-бугарскиот спор и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Колку повеќе чекаме, толку повеќе емоции се влеваат во историските прашања, смета претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и додаде дека верува во решавање на македонско-бугарскиот спор и очекува дека Бугарија ќе ги надмине чувствителните теми.

– Ги поддржуваме нашите сограѓани Македонци во овој многу значаен процес и сметам дека и бугарската страна ќе има предвид во овие значајни процеси. Верувавме дека Бугарија ќе најде сила да ги надмине овие емотивни ситуации, затоа што ако Балканот се внесе во историјата,  ќе треба навистина да изградиме нов Балкан. Од голем интерес е ние да не го изгубиме чекорот за членување во Европската унија, рече Ахмети во изјава за Канал 5.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here