Новоименуваната министерка за одбрана на Црна Гора Оливера Ињац која е една од двете жени која ќе седи во министерството за одбрана во државите и бивши Ју- републики заедно со македонската министерка Радмила Шекеринска, ги повика граѓаните кои протестираат против планираните војни вежби на Сињајевина слободно да си одат дома затоа што нема да има никакви војни активности на тој простор.
„Одма по започнувањето на моите должности како Министер за одбрана, ќе ги проверам сите документи и планови поврзани за Сињајевина, а многу радо, чим за тоа ми се укаже прилика, заедно со колегите ќе го посетам нашиот природен бисер и ќе поразговарам со мештаните“,рече Ињац за Вјести .