Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на поставено новинарско прашање за препродавање и купување на лекови на црно од интернет од страна на граѓани, истакна дека ниту еден граѓанин не треба да посегне да бара лекови кои не се докажани дека помагаат во лекувањето на овој вирус.
„Насекаде во светот има многу клинички студии кои испитуваат, ние знаеме дека специфичен и посебен лек за оваа болест нема. Се прави комбинација на постојни терапии за други болести или согласно симптомите коишто ги дава оваа болест. Мора да знаеме дека има навистина широка лепеза на симптоми со коишто оваа болест може да се манифестира. Во таа смисла апелирам да секој еден пациент во консултација со матичниот лекар или за време на болничкото лекување, апсолутно само под контрола на лекар да прими соодветна терапија“, потенцираше Филипче.