дома Вселена Постојат 3 типа на корона вирус: Најсилниот ги удри САД, познато кој...

Постојат 3 типа на корона вирус: Најсилниот ги удри САД, познато кој тип се рашири во Македонија

690
0
АКЦИЈА

ри видови коронавирус се шират низ целиот свет, а во САД беснее оригиналниот тип од Кина, откриле научниците од универзитетот Кембриџ.

Научниците ја мапирале генетската историја на инфекцијата од декември до март и откриле дека станува збор за 3 различни, но многу поврзани „гранки“ на вирусот.

Анализата покажа дека Тип А, оригиналниот вид што од панголин преминал на луѓето, не е најзастапен во Кина. Тие велат дека Кина е најмногу погодена од типот Б, кој беше во циркулација на крајот на 2019 година.

Тип А може да се најде во Австралија и САД. Две третини од примероците од Америка покажуваат дека тие се случаи од типот А, а станува збор за случаи од Западниот брег, а не од Њујорк.
Д-р Питер Форстер открил дека Велика Британија е погодена од коронавирус од типот Б, при што се потврдени две третини од случаите. Тип Б, исто така, доминира во Швајцарија, Германија, Франција, Белгија и Холандија.

Исто така, постои Тип Ц, варијација на Тип Б, кој се проширил во Европа од Сингапур.

Научниците веруваат дека новиот коронавирус САРС-КоВ-2 постојано мутира за да го порази имунолошкиот систем на домаќинот ширум светот.
Она што е најчудно е што оригиналниот тип А се раширил на западниот брег на САД, без воопшто да биде доминантен во Кина, иако таа азиска земја се смета за епицентар на инфекцијата.

Како што велат, и покрај тоа што и двата типа постоеле до јануари, кога првиот случај беше потврден во Америка, не значи дека тој пристигнал во таа земја порано и не бил откриен. Сепак, засега, сите истражувања се од помал обем и не можат да се извлечат конкретни заклучоци.
Ова истражување наиде на значителна критика затоа што анализира примероци од мал број пациенти, помалку од 200, вклучувајќи ги и првите случаи во Европа и САД.

Еден од методите што ги користеле научниците од Кембриџ за да се утврди движењето на вирусот беше да се следи праисториската миграција. Во меѓувреме, тие додадоа повеќе од 1.000 нови примероци на нивното истражување за да добијат поширока слика, но резултатите допрва треба да бидат објавени.

Мал дел беше објавен во списанието ПНАС и се наведува дека вирусот Ц е доминантен во Европа. Тип Б, од друга страна, се шири побрзо.

Нивните тврдења се во согласност со две други студии во кои се вели дека заразата во Њујорк дошла од Европа многу пред да се потврди првиот случај, но било откриено и дека потекнува од Кина.

Форстер верува дека типот А мутирал во Б во Кина, но тој Ц, како подгрупа на Б, потекнувал надвор од Кина. За сега, не е јасно како тип Б можеше да го потисне оригиналниот тип А. Тој полека мутирал во Кина, но многу побрзо во другите земји, обидувајќи се да се прилагоди на новите домаќини. Според некои теории, вирусот би можел да циркулира во Кина уште во септември.

Форстер забележува дека неговата студија е направена на мал примерок, но објаснува дека Тип А е најблизу до она што е пронајдено кај панголин, и е поврзано со Источна Азија и Американците кои живеат во Вухан.

Сепак, вториот кластер за тип А е различен и може да се најде во Австралија и САД.

Како заклучок, ваквото истражување во иднина може да помогне да се предвидат и идентификуваат потенцијалните појава на епидемии.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here