Тројански Коњи – (пони коњчиња)
Српската Напредна Странка во Македонија (СНСМ) одлучи да стапи во коалиција со единствената македонска партија во коалицијата – ВМРО-ДПМНЕ, а причината беше очигледниот факт дека СДСМ веќе не се декларира како Македонска партија.
Нам во СНСМ не ни пречи одлуката на СДСМ и на нивното раководство да направи коалиција со Албанската партијата БЕСА, но за србите во Македонија е недозволиво и фрапантно да се коалицира со партијата која бараше српскиот народ јавно да се прогласи за ЗЛОСТОРНИЧКИ (ГЕНОЦИДЕН) НАРОД. За српскиот народ во Македонија постои црвена линија која ќе ја брани на цивилизиран и мирен начин, како што впрочем налагаат македонските закони и цивилизациските придобивки. Нашата чесна и достоинствена вистина ќе излезе на виделина на денот на изборите, убедливо победувајќи во сите српски средини.
СДСМ ангажираат тројански коњи или поточно пони коњчиња, кои стравуваат за своите работни места или се уценувани, што е испод секое човечко достоинство, принципи и стандарди. Станува збор и за поединци кои се поткупени, како на пример две српски асоциации т.е. невладини организации и еден фудбалски клуб, кои за среќа се незначителна бројка во српскиот корпус во Македонија. Впрочем, вакви појави имало и ќе има, но среќа е што таквите појави и лични интереси се препознатливи, неефикасни и минорни. Загрижува алармантниот факт дека тие тројански – пони коњи го злоупотребуваат името на нашиот Председател на Република Србија, Александар Вучиќ и други високи функционери, говорејќи и лажејќи ги граѓаните од српска националност во Македонија дека тој лично ги назначил и насочил да работат за интересите на СДСМ. А да не заборавиме дека токму тие заедно со српската опозиција беа оние кои сакаа да го срушат од власт, и тоа беше јавно објавено во српските медиуми.
Овој обид на оваа група луѓе и институции е крајно подмолен и непримерен, особено и ако се има во предвид дека нивните активности можат да ги загрозат меѓусоседските односи со Србија, а нивното лажно претставување да го наруши угледот на високите функционери во Република Србија, за кое патем и кривично се одговара.
Како можеме како Срби во Македонија и како членови на Српска Напредна Странка во Македонија да бидеме дел од листите заедно со БЕСА, а која покрај гореспоменатото барање, бара и промена на македонскит грб, знаме, химна и пари.
Воедно, потсетуваме дека искуствата укажуваат дека во досегашните кризни периоди врските помеѓу Македонија и Србија биле на исклучително високо ниво и дека безрезервната помош била искрена, без калкулации и скриени намери. Почитта е нешто што се гради, нешто што е искрено и нешто што се чувствува. Ако е почитта базирана на овие и на сите останати универзални човечки вредности, но притоа е еднострана, ние србите во Македонија нема да бидеме дел ниту од оваа, ниту од било која коалиција која ги руши вредностите на српскиот народ и неговото достоинство.
Српската Напредна Странка во Македонија (СНСМ) не е против било која друга партија во Македонија, ниту пак против останатите албански партии кои се фокусирани на средување на економските прилики во земјава и намалувањето на сиромаштијата, но е против секој вид на омаловажувања, параноични предрасуди и националистичко-шовинистички намери. СНСМ не може да биде на иста страна со СДСМ, особено кога нивниот министер за надворешни работи Никола Димитров лајкува пост со следнава содржина: СРБИЈА ТРЕБА ДА ГОРИ ВО ПЕКОЛОТ! Ние србите, како одговорен и достоинствен дел од оваа држава, свесно и јасно му укажуваме и порачуваме на Димитров да размисли за поговорката: „Кој не си го почитува своето, не може да го почитува туѓото“.
Свесно и одговорно укажуваме за намерите, а која србите и другите национални малцинства во Македонија ја разбираат нечесната цел и желба.
Поради сите овие работи, ги повикуваме сите наши гласачи и симпатизери да излезат на гласање и да го одбранат достоинството на српски народ во Македонија и нашата држава во која живееме заедно со македонскиот народ.
Наша должност е да им порачаме на сите гласачи од сите етнички заедници во Македонија да ги имаат во предвид сите заткулисни игри на СДСМ и на БЕСА, бидејќи овие избори ќе бидат избори за опстанок на Македонија. Заедничкиот соживот зависи од вас.