Првата дама секогаш е беспрекорна во својот моден стајлинг, а со своите појавувања предизвикува големо внимание кај сите оние кои и придаваат објективитет на убавината и посебност на стилот. Таа со својот стајлинг и овој пат успеа да ги возбуди сите.
Продолжувајќи ја традицијата која се негува уште од 1960 година, Меланија и нејзиниот сопруг присуствуваа на преземањето на елката која ќе ја украси Белата куќа.
За оваа прилика избра аутфит во црна боја и чизми со висока потпетица. Она што привлече најмногу внимание нејзината гардероба со цветен принт.
Без дилема ова е многу атрактивен модел, но она што речиси сите го коментираа е неговата цена. За оваа креација, првата дама издвоила дури 3000 долари.