Дали сме во врска или сами заправо многу влијае на нашиот изглед и здравје. Тим на истражувачи од Австралија, од универзитетот Central Kvinslend анализираа податоци на 15.000 луѓе собирани во тек на 10 години и изведоа мноштво на интересни информации. Кога изведуваат заклучоци за можните здравствени влијанија, лекарите обично се ослонуваат на податоците за годините, полот и нивото на образование, но сега е јасно оти постоењето на врската е еднакво важен фактор.
Додека некои работи кај луѓето се константни и кога се сами и кога се во врска, како на пример времето поминато пред телевизор или нивото на физичката активност, паровите заправо живеат поздрав живот. Тие јадат повеќе овошје и зеленчук, пијат помаку алкохол и помалку пушат. Што се посреќни во врската, толку повеќе се трудат околу здравјето затоа што сакаат врската да потрае.
Од друга страна, и покрај поздравиот животен стил, луѓето во врска се поподложни на гоење. Иако јадат повеќе овошје и зеленчук, исто така јадат и повеќе од сето останато, па и слатки колачи и други високо калорични оброци. Истражувачите објаснуваат дека луѓето во врска се чуствуваат покомотно затоа што не мораат да се трудат околу изгледот како би го привлекле партнерот, а исто така, додаваат, доколку се присатни и деца, родителите ги јадат и остатоците од нивната храна.
Годините поминати во врска итекако имаат влијание – ако се повеќе од две, многу е поголема можноста партнерите да постанат дебељуци.
Има и продолжение: резведените мажи многу повеќе се опиваат за разлика од оние во врска, додека кај жените таква промена на навиките не постои.
Балкански глас на вистината во соработка со белградскиот портал: НАУКА КОРЗ ПРИЧЕ-НАУКА НИЗ ПРИКАЗНИ ви го пренесува интегралниот текст:https://naukakrozprice.rs/