дома Балкан Трите членови на Председателството на БиХ имаат 24 возила и 14 возачи

Трите членови на Председателството на БиХ имаат 24 возила и 14 возачи

625
0
АКЦИЈА

Издатоци за плати, разни договори на дело, високи трошоци за службени возила и патувања, непочитување на своите одлуки, се само некои од забелешките кои ревизорите на канцеларијата за ревизија на институциите ги воочија по чешлањето на извштаите за работа ма Председателството на БиХ за минатата година.

Најинтересните делови на извештајот се однесуваат на трошење на буџетските пари на службени патувања и на купување возила, како и останати трошоци за скапоцениот возен парк.

Трошоци за сместување

Како се наведува во извештајот, на патувања се спискани 477.541 KM. Од тоа за посети на други земји се однесува 413.449 KM, додека за патувања внатре во БиХ потрошени се 64.092 марки. Загрижувачки е дека, како се наведува во извештајот, „со увидот во книгата на полни налози за службени патувања може да се констатира оти таа не содржи прецизни податоци за целта на патувањата“. Значи, не било можно да се утврди зошто членовите на Председателството посетувале одредени светски дестинации.

– Поедини налози не ги содржат потребните податоци (износ на исплатена аконтација, јасната цел на патувањето). Со процесот на ревизија утврдивме дека трошоците за сместување во земјата се 33.263 KM така тие износи во поголем број се реализирани преку благајната – се наведува во извештајот.

Ревизорите понатаму се осврнаа и на набавката за возила за потребите на Председателството. Така утврдиле дека при прилика на набавка на три возила се наведувале точните спецификации, кои тие мораат да ги имаат, а кои во некој случаи не се релевантни, како просторот помеѓу двете осовини, ширината на возилото, ширината на подрачјето на лактовите. Тоа имплицира дека тендерите се кроени така да само одредени возила можат да се набават.

Набавка на гориво

Интересен е делот кој се однесува на трошоците за одржувањето на возилата. Како се наведува, Председателството во својот возен парк имало 35 возила, од кои 24 биле на услуга на тројца членови на Председателството?! Освен тоа, имале на располагање 14 возачи. Вкупните трошоци на употреба и одржување на возилата изнесувале 342.084 KM.

– Поголеми издатоци се однесуваат на набавката на гориво (133.913 KM) и набавка за матријалите и услугите за одржувањето на возилата (114.668 KM) – се наведува во извештајот.

Официри за врска

Ревизорите, исто така, воочиле дека сите членови на Председателството не ја испочитувале ни својата одлука од пред три години, кога е утврдено тојца официри за врска со Трибуналот во Хаг да се повлечат во БиХ, од каде би требало да делуваат. Оваа одлука ја испочитувал само хрватскиот член на председателството на БиХ Драган Човиќ, чиј официр работи од Мостар. Трошоците на преостанатите кабинети во Хаг ги чинеле граѓаните на БиХ 704.864 KM.

Проблем за договорите на дело

Издатоците за ангажирање на запослени по договор на дело изнесувале 184.325 KM. Како наведоа ревизорите, во текот на годините ангажирани се 48 надворешни соработници, од тоа 31 особа за работа во кабинетите, додека 17 особи обавувале работи од доменот на Секретаријатот. Ревизорите понатаму воочија дека дел од ангажирените работеле подолго од година дена во Председателството, а една особа по пензионирањето продолжила да работи по договорот на дело.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here