Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски оствари средба со Амбасадорот на НР. Кина Н.Е. Џанг Ѕуо.
Темa на средбaта беа актуелните политички случувања во Република Македонија, предвремените парламентарни избори кои претстојат и предизвиците со кои Македонија се соочува на меѓународен план.
Мицкоски потенцираше дека клучна стратешка определба на Република Македонија останува членството во Европската Унија и во НАТО, и токму затоа веднаш по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети на исполнување на значајните реформи, но и создавање на силна економија со која државата и граѓаните ќе може да ги достигнат европските стандарди.