Екипата на „Код“ открива дека кај специјалната обвинителка Катица Јанева била пронајдена чанта од марката „Луј Витон“ на која со злато се изгравирани нејзините иницијали.
Според извори од истрагата за случајот „Рекет“ од кај Јанева покрај аголната гарнитура се одземени три телефони Ајфон со три сим картички, усб уреди, компјутери, лап топи и меѓу другото и една чанта Луј Витон на која со злато се изгравирани нејзините иницијали КЈ.
За вештачењето на апаратите кои се производство на американската компанија ЕПЛ, обвинителството побарало меѓународна правна помош од САД.
Од домот , пак на Боки 13, 5 дена се вршело претрес и запленетите работи неофицијално со камиони биле изнесувани од адресата во населбата Орман. Покрај пари биле запленети луксузен мебел, теписи, 70 пара брендирани очила, околу 120 чанти и 71 вреќа скапа брендирана облека. Запленети се и уметнички слики на познати автори како Личеновски, Мартиновски, Коџоман и други.
Превземено од:https://galama.club/2019/10/29/kod-otkriva-za-prvpat-za-ushte-eden-predmet-shto-e-pronajden-kaj-katitsa-janeva/