Денеска во паркот «Пушкин» во Кисела Вода се одржа свеченоста по повод Светскиот ден на рускиот јазик.
На бројните присутни им се обратија Градоначалникот на општината Филип Темелковски и Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин, кои по обраќањата заедно со Почесен конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски положија цвеќе пред споменикот на Александар Пушкин.
По повод 220-годишнината од раѓањето на поетот исто така беше отворена нова спомен-плоча.
Покрај тоа гостите имаа можност да уживаат во прекрасна изведба на познатите руски песни од “Чајка” и “Славјанка”. А за најмалите гости беше прикажан цртан филм “Приказна за цар Салтан”
Посетителите уживаа во богатата програма на оваа јубиларна манифестација, која во Скопје веќе е традиција помеѓу почитувачите на рускиот јазик, култура, литература и традиција.
Македонската книжевност има длабоки корени во Руската, која и ден денес во модерните времиња се вбројува како една од најблиските и најинспиративните за македонските книжевни догледи и достигнувања.