дома Македонија СДСМ: Неказнивоста на говорот на омраза беше одлика за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Неказнивоста на говорот на омраза беше одлика за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

510
0
АКЦИЈА

Лицемерна е наводната загриженост за говор на омраза на ВМРО-ДПМНЕ, кога токму оваа партија е позната по говорот на омраза и дискриминација што со години ги практикува.

Според јавно објавените информации, Агенцијата за млади и спорт веќе започна процес за утврдување на одговорноста за пропустот со збирката „Млади поети“. Започнатиот процес точно ќе ја лоцира одговорноста по што сите учесници во пропустот ќе се соочат со одговорност.

Времето на неказнивост и прикривање на говорот на омраза, на дискриминацијата и шовинизмот заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес, Македонија се гради како едно општество за сите во кое нема место за говор на омраза , а секој кој сторил каков било прекршок одговара за своите постапки, реагираат од СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here