дома Балкан СДСМ против дополнителни погодности за пратениците при вработување

СДСМ против дополнителни погодности за пратениците при вработување

474
0
АКЦИЈА

Повластен статус за вработување не смее да има само затоа што некој бил избран или именуван функционер, реагира СДСМ по информацијата дека пратениците подготвуваат нови привилегии за себе.

-Бенефициите треба да им следуваат на граѓаните, а не да се зголемуваат кај оние кои треба да им служат на граѓаните.Токму поради тоа, СДСМ застана и позади предлогот за намалување на патните трошоци за пратениците- велат од СДСМ.

Според партијата, пратениците имаат доволно права и бенефиции кои се одредени со закон и со Деловникот за работа на Собранието.

-Македонија се гради како едно општество за сите и никој не треба да биде привилегиран ниту дискримиран без разлика на работата што ја извршува.Доведувањето во привилегирана позиција на пратениците по престанок на нивниот мандат е спротивно на принципите на недискриминација и еднаквост кон кои се стреми македонското општество- велат од СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here