дома Балкан Кејт Мери Бирнс – номинирана за нова американска амбасадорка во Македонија

Кејт Мери Бирнс – номинирана за нова американска амбасадорка во Македонија

495
0
АКЦИЈА

Дипломатка од кариера во Стејт департментот, а во моментов на функција заменик шеф на мисијата во амбасадата на САД во Грција

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека има намера да ја номинира Кејт Мери Бирнс за идна амбасадорка во Македонија.

Таа е дипломат од кариера во Стејт департментот. Во моментов ја извршува функцијата заменик шеф на мисијата во амбасадата на САД во Грција.

За неа се вели дека претходно била втор човек на мисијата и заменик – постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена. Во својата дипломатска кариера работела во американската амбасада во Мадрид, Шпанија, и била на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел. Бирнс зборува шпански, унгарски и турски јазик.

Информацијата за нејзиното номинирање е објавена на официјалната страница на Белата куќа.

Актуелниот американски амбасадор во Македонија Џес Бејли ја сподели информацијата на својот профил на социјалната мрежа Твитер:

Бејли беше потврден како амбасадор на САД во Македонија од Сенатот во декември 2014 година.

Превземено од Гласот на Америка на Македонски јазик

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here