дома Балкан Институциите на системот функционираат и нема да дозволат било какво попречување на...

Институциите на системот функционираат и нема да дозволат било какво попречување на референдумското гласање вели Спасовски

554
0
АКЦИЈА

Институциите на системот функционираат и нема да дозволат било какво попречување на референдумското гласање – уверува министерот за натрешни работи Оливер Спасовски. Тој додаде и дека поддршката за референдумот е силна и дека нема никаков простор за нарушување на процесот.
Министерот денеска при посетата на општина Ѓорче Петров рече дека криминалот во оваа општина е намален за 40 проценти и најави дека и понатаму ќе работи на обезбедување на технички средства за полициската станица Ѓорче Петров која покрива голема територија. Заедно со градоначалникот Ачександар Наумовски изјавија дека работат на безбедноста на граѓаните.
Прашан за новата оперативно техничка агенција, министерот рече дека очекува да почне со работа во најавениот рок и додаде дека Службата за општи и заеднички работи треба да направи план и да најде локација за новото тело. Министерот Спасовски одговараше и на новинарско прашање за тендерот кој го добила фирма стара само 7 дена. Спасовски вели дека се е легално со тендерот бидејќи фирмата ги исполнила сите услови кои биле поставени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here