Ситуцијава со про и анти ЕУ – Нато од една страна и про и анти Русија од другата, ме потсети на едно антологиско кажување на Мирка Велиновска за време на нашите часови и часови разговори и дебати.
Имено, во времето на распадот на СФР Југославија, во НИП Нова Македонија најразлични новинари најразлично ја разбирале фактичката ситуација. Главно, најголемиот број абер немале што се случува од причина што биле идеолошки и пропагандно оптеретени и задоени (и денеска е исто). Па така, Бранко Геровски со писмо замолница се обратил до Генералниот директор на куќата Панде Колемишевски, да бара (моли) да биде преместен да работи новинар во гласилото на Сојузот на Комунистите на Макед0нија кое се викало “Комунист“. Образложението му било дека во редакцијата на “обичните“ весници не се чуствувал онака како што му било нивото на идеологијата за која се залагал и која ја практикувал (комунистичка). Ерол Ризаов како новинар присатен на лице место за време на 14-тиот конгрес во Белград, по примерот на делегатот од Македонија Перо Гошев, напуштањето на конгресот од страна на словенечката делегација не го видел како распад на Југославија. Новинарската делегација на НИП Н. Македонија, предводена од Панде Колемишевски, на враќање морала да запре во Предејане за да седнат и да куцаат на писачи машини променет извештај од оној на Ризаов, оти човекот и покрај распадот на Партијата (СКЈ) и државата (СФРЈ), во својот “текст од Конгерсот“ здушно порачувал дека партијата и државата се хомогени, дека Југославија цврсто чекори напред, дека Партијата го води народот во светла иднина и слични глупости што само Ерол може да ги напише.
И во Скопје, во редакциите на НИП-от, било хаос. Па така, на кафе пауза колегата Александар Шољаковски пришол кон Мирка Велиновска и и‘ рекол “знаеш, ако треба да бирам помеѓу Србија и Бугарија, јас Србија ќе изберам“!!!! И, погодувате, тука следела канонада на “класната“ со аргументи што секогаш, па и денеска важат, дека нема друга страна освен Македонија (Македонска страна). Па тирада во врска со тоа што човек не смее да е никому роб, ниту никоја нација да бара да е под друга нација, организација… И се така по ред.
И, еве сега, после скоро три децении, пак истото. Како некому кој не може своето постоење да го замисли без да има падрон, газда, рабовладател, шеф, органзација, “грб“ – ќе му објасниш дека има луѓе што не се ниту за едно, ниту за друго. Ами само за Македонија. На пример, не се ниту за НАТО и ЕУ, ниту за Русија. Како на такви скромноумни луѓе, инаку верни партиски членови, да им објасниш дека ако си против зачленување во недемократска, бирократска и фашистичка организација каква што е ЕУ, не значи дека си за зачленување во Евро-азиска унија. Како, побогу, да објасниш ако си против злосторничка солдатеска каква што е НАТО, организација која не почитува ниту ООН, ниту резолуции, ниту меѓународно право, ниту недолжни животи, ниту културно наследство – не значи дека си за Русија, Кина или било кој друг?! И обратно. Како да објасниш дека ако не си за Русија не значи дека си за НАТО?
И крајно, реално и најтешко, како да им се објасни на тие новинарски/партиски/фејсбучки јадници дека ако се бара помош и поддршка, во конкретниов случај од Русија (која е ненасилна, неокупаторска, незавојувачка, која го признава името, јазикот, нацијата, историјата, која одамна не е комунистичка…), тоа е заради да не се дозволи на сегашниот фашистички бриселско-вашингтонски поробувач безвластие и дивеење.
Како, значи, да објасниш на роб дека никогаш не си бил роб?! Дека постои состојба во која тој никогаш не бил. И затоа мисли дека не таква состојба не постои!
Со еден пример да појаснам зошто е тешко да објаснам. Имено, по укинувањето на робовладетелството во САД, поголемиот дел од робовите не сакале да си одат од своите колиби, не сакале да го напуштат газдата, не сакале слобода. Кај “газдата“ им било безбедно. Имало храна, вода, а после цел ден работа можело и да се свири, пее и игра. Имало и кров над глава и место за спиење. Понекогаш газдата ќе опнел некоја убава црнкиња, ама тоа била мала жртва за живот без ризик. Односно за вегетирање. Тие робови, тие црнци, не знаеле да се качат на воз, не знаеле како се оди до град, не знаеле што таму треба да прават, како да се прехранат, згреат, органзираат…
Исто со црнците како и со нашиве партиски војници. Не можат да замислат свет каде сами, а не Центарот за комуникации, ќе им каже што, каде и како да постираат. Кого да величаат. Што да пропагираат.
За разлика од нив, има чесни луѓе од народот (тоа е поголемиот дел од народот) кои никогаш не биле партиски послушници. Тие неутрални луѓе кога гласаат или поддржуваат некого, тоа го прават кон политичката опција која е најблиска до нив. Каде барем дел од желбите се ветени дека ќе се остварат.
Па така сметам дека има многу луѓе, меѓу нив и јас, што ја подржуваа ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски затоа што таа опција го штитеше името, ги доби грците на суд, ја отвори и презентира нашата историја, сакаше да ја гасифицира со руски (како и цела Европа) гас Македонија, отвори работни места, индустриски зони, изгради локални и регионални патишта, автопати, делеше огромни земјоделски субвенци… Затоа луѓето го симпатизираа и поддржува Никола Груевски. И затоа гласаа за него. Сето ова погоре, но пред се ЗАРАДИ ИМЕТО.
Во серија емисии каде сум гостувал низ републикава, како и во свои емисии и текстови, на провокативно прашање “Зошто го подржуваш Груевски“, секогаш сум одговарал дека секој што го штити името ќе има моја подршка. Но, во моментот кога тоа веќе нема да е така, тогаш подршка веќе нема да има. И, така се случи.
За жал, во овој момент, јас за себе барем, не можам да најдам доволно чесна и патриотска политичка опција за која би гласал. Се плашам дека разочараното гласачко тело на СДСМ и она на ВМРО ДПМНЕ на следните избори нема да излезат на гласање, па така ќе покажат дека сметаат дека политиките и на Зеев и на Мицковски се апсолутно погрешни.
Во овој момент, според мене, не се гледа никаква разлика помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Помеѓу Мицковски, Николовски, Ѓорчев од една и Заев, Спасовски, Шекеринска, Тевдовски од другата страна. И едните и другите заклучиле дека добитна стратегија за “победа“ на изборите не се граѓаните на Република Македонија, уште помалку Македонците. Ами дека добитната варијанта е да се робови на две-три амбасади и послушници на шиптарските политичари. За СДСМ и ВМРО ДПМНЕ Македонскиот народ не постои како полуга за доаѓање на власт!
Како инаку да се објасни запенавеното напаѓање и блатење од страна на ВМРО ДПМНЕ (активисти, функционери, новинари…) на секој кој не е “нивен“, па одма добива етикета дека е “големосрбин“, “србофил“, “русофил“, “кинез“ и слично? Иако јас не гледам дека етикетираните се тоа што ВМРО ДПМНЕ тврди (веројатно во нивните очи ако не си за Брисел тогаш најдобро да не постоиш), најголемиот број такви се и биле симпатизери и гласачи на ВМРО ДПМНЕ. Сега партијата ги отфрла оти не се правоверни. Не се Брисељачишта ко нив. Не им требаат тие, не им треба народот, не им треба Македонецот!!! За нив изгледа само Брисел, Лондон и Вашингтон ќе гласаат?!
Кај мене се повеќе зрее помислата дека кукавичкото попуштање на Никола Груевски, државниот “пржински“ удар на Никола Тодоров и Никола Попоски, тригодишниот кукавичлук на ВМРО ДПМНЕ, нелогичното заминување на Сашо Мијалков, најнелогичното нестатутарно поставување на Мицковски на чело на партијата, математички прецизното позиционирање во “центар кон десно“, заедно со последниве изјави на феминизраните читачи од “идиот“ камера (+А. Николовски) и согласноста да се смени името – е план за комплетно распуштање и укинување на партијата со предзнак и историја содржана во 4-те свети букви ВМРО. План, кој очигледно бил направен пред 5 години, а почнат да се спроведува со состанокот на Заев со Груевски во кабинетот на тогашниот премиер.
План кој го исполнуваат двете страни, а нас граѓаните не‘ лажеа и лажат на ангро.
М. Неделковски.
Ст. Петерсбург – Русија