дома Балкан Средба Димитров -Петерсен: ОБСЕ/ОДИХР со 270 набљудувачи ќе го следат референдумот

Средба Димитров -Петерсен: ОБСЕ/ОДИХР со 270 набљудувачи ќе го следат референдумот

525
0
АКЦИЈА

Министерот за надворешни работи – Никола Димитров имаше средба со амбасадорот Јан Петерсен (Норвешка), шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот кој треба да се одржи на 30-ти септември 2018.
Димитров изрази задоволство од прифаќањето на неговата покана – ОДИХР да испрати набљудувачка мисија за референдумот во Република Македонија. Го истакна историското значење на актуелните процеси, како и на можноста граѓаните преку овој демократски чин да ја искажат својата волја по прашањето, кое е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ, но исто така и врз политичкото стабилизирање на регионот.
Министерот Димитров ја реафирмира подготвеноста на земјава за продолжување на соработката со ОДИХР, а посебно за подобрување на изборните процеси кај нас, кои комплементарно придонесуваат за достигнување на бараните европски стандарди, важни за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Амбасадорот Петерсен се заблагодари од можноста за средба и ги пренесе основните информации за оваа мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Информираше и за планираните активности на Набљудувачката мисија во период до Референдумот и на самиот ден на изјаснување, која инаку согласно препораката на Мисијата за проценка на потребите на ОДИХР би требало да брои околу 270 набљудувачи.

Превземено од Iportal

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here