дома Балкан Денко Малевски: Мислам дека имаме голема шанса да излеземе од пеколниот круг...

Денко Малевски: Мислам дека имаме голема шанса да излеземе од пеколниот круг во кој се вртиме веќе 30 години

510
0
АКЦИЈА

„Мислам дека ова е голема шанса да излеземе од овој пеколен круг во кој се вртиме веќе 30 години, не успевајќи да најдеме компромис со Грците. Ова е уникатна меѓународна ситуација која треба да се искористи, како и подготвеноста на двете влади да се оттргнат од прегратката на своите национализми, па бојкотот на референдумот не е добра работа“, изјави за „Спутњик“ поранешниот македонски амбасадор во Обединети нации.

Од успехот на референдумот ќе имаат корист и Македонците, и Албанците, и Македонија, оценува Малески.

„Во интерес на умерените сили на Албанците е Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО, за да не дојде до радикализација на ситуацијата. Кога станува збор за Македонците, треба да се има на ум дека премногу долго се манипулираше со тие македонски чувства, каде што беше доминантен македонскиот национализам, кој ја градеше својата идеја на поделената татковина, што нè водеше во конфликт со соседните земји. Во таа смисла, ова ќе биде тешко отрезнување за македонската популација“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here