дома Албанија Холандија и Луксембург: ЕУ да почне преговори со Македонија и Албанија

Холандија и Луксембург: ЕУ да почне преговори со Македонија и Албанија

484
0
АКЦИЈА

Министерот за надворешни работи на Холандија Стеф Блок изрази денеска надеж дека Македонија и Албанија ќе добијат “зелено светло” за почетокот на пристапните преговори со ЕУ, додека шефот на дипломатијата на Луксембург Жан Аселнборн рекол дека би било погрешно на Скопје и Тирана да не им се даде дата за прговори со ЕУ.

“Се надеваме дека денес ќе чуеме дека преговорите можат да почнат за обете земји. Двете земји постигнаа важен напредок во погледот на владеењето на правото и во борбата против корупцијата, но сепак, уште не завршиле со се. Секоја земја има свои постигнувања, но многу е важно земјите да покажат резултати на тие полиња”, рече Блок во очи на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург, пренесува МИА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here