дома Балкан Потпишан договорот помеѓу Македонија и Грција за името

Потпишан договорот помеѓу Македонија и Грција за името

541
0

Пред малку во Преспа беше потпишан договорот помеѓу Македонија и Грција за повеќедеценискиот спор за името на Р. Македонија. Премиерите на Грција и Македонија Алксис Ципрес и Зоран Заев и се обратија на јавноста обајцата потврдувајќи дека ова е голем историски исчекор за двете држави.

Премиерот Зоран Заев рече:Горди сме на овој наш договор. Горди сме зашто се обединивме околу решение на еден спор којшто не делеше, и избравме решение што не обединува. Сега, и нека биде така засекогаш.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас рече: Со ова е постигнат голем исчекор кон напредокот во регионот и дека ова е позитивен пример како треба да се постапува со проблемите со кои се соочува регионот.

Меѓу присутните беа претсавниците на двете влади, претсавниците на Европската Унија Федерика Могерини и Јоханес Хан како и медиаторот при Обединатите Нации за решавање на спорот со името Метју Нимиц.

Се обрати и медијаторот Метју Нимиц на кого патем денс му е роденден и рече дека на своите блиски им рекол да не му купуваат никави подароци за роденденот бидејќи најголем подарок му подариле премиерите на Македонија и Грција со потпишувањето на договорот за спорот со името, прашање на кое Метју Нимиц му посвети скоро 30 години од својот живот