Конечниот Договор за решавање на македонско-грчкиот спор, што од денеска е на увид и пред сите наши граѓани, ги штити врвните национални и државни интереси. Нема дилеми, договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет, сметаат во СДСМ.
„Никој повеќе да не оспорува или негира македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка. Тие се обезбедени еднаш засекогаш. Договорот ги отвора перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, напредокот, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани“, соопштија од партијата.
Од таму велат дека обврските на македонската и грчката страна се јасно дефинирани во Договорот кој ќе биде ратификуван од двете страни, а последниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум.