дома Балкан Џафери: Коалицијата треба да одлучи кога Законот за јазиците ќе оди во...

Џафери: Коалицијата треба да одлучи кога Законот за јазиците ќе оди во Службен весник

450
0
АКЦИЈА

Џафери: Коалицијата треба да одлучи кога Законот за јазиците ќе оди во Службен весник Законот за јазиците ќе биде испратен во Службен весник во соодветно време, повтори денеска претседателот на Парламентот, Талат Џафери, на средбата со новинарите, потенцирајќи дека тоа не е негова индивидуална задача, туку дека станува збор за одлука што треба да ја донесе коалицијата.
Запрашан која е пречката законот да биде испратен до Службен весник Џафери рече дека „се работи за институционално прашање, а не за индивидуално“.

– Треба да се изнајде форма на крајна реализација, рече претедателот на Парламентот.

Според Џафери, доколку мнозинство од 61 пратеник изгласа распуштање на Парламентот, тој е должен да распише избори, но смета дека предвремени парламентарни избори не треба да има имајќи ги предвид сериозните прашања за кои се решава во земјата.

– Не можам да прогнозирам дали ќе има предвремени избори, меѓутоа во сериозна држава каде што се очекува да се случуваат сериозни работи не би требало ни да е размислува за тоа. Ако некој размислува за тоа, тоа би било теснопартиска политичка желба. Ако се размислува државнички и за иднината на граѓаните тогаш не треба никој да размислува за избори, рече Џафери.

На средбата со новинарите тој кажа дека на 11 јуни може да се очекува на дневен ред на 47. седница да биде ставен усогласениот Предлог-етички кодекс на Парламентот, објавување оглас за избор на членови на ДИК по стариот модел, а можен е и избор на заменик министер за образование.

Џафери кажа дека до понеделник работната група треба да состави измени и дополнувања на Деловникот за работа на Собранието со веќе усогласените прашања и дека до јули би можело да се очекува партиите да постигнат крајна усогласеност за нив.

Во однос на изпразнетите места во независните тела како Антикорупциската комисија, Џафери рече дека дел од надлежностите имаат и Комисијата за прашања на избори и именувања, но оти предлози на нови членови може да дадат и пратеници или Владата

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here