Грција денес соопшти дека е “уште далеку” од решението за повеќедеценискиот спор со македонија заради името, иако е постигнат напредог во преговорите помеѓу двете земји.
“Во преговорите со нашите соседи кои продолжуваат, постигнат е значаен напредок, но сеуште сме далеку од завршеток на преговорите и постигнување договор”, рече на конференцијата за новинари портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакополус, пренесува ројтерс.