дома Балкан Ексградоначалникот на Кочани ѝ доделувал грантови на снаата

Ексградоначалникот на Кочани ѝ доделувал грантови на снаата

471
0
АКЦИЈА

Поранешниот градоначалник на општина Кочани, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ратко Димитровски (62) заработи кривична пријава.
Како што информира полицијата, тој ја злоупотребил функцијата градоначалник и склучувал договори со неговата снаа за грантови што ги доделува прогрмата „Еразмус+“.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани има основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„На 07.10.2015 година, пријавениот, како градоначалник на Општина Кочани, спротивно на Законот за спречување на судир на интереси, склучил договор со Д.Е., сопруга на неговиот син за грант за проект со повеќе корисници под програма „Еразмус+“, со што и овозможил на Д.Е. да се стекне со противправна имотна корист од 226.630 денари“, соопштува МВР.

На 23 август 2017 година, Димитровски без одлука од Советот на Општина Кочани донел решение за пренос на 510.000 денари, од сметката на Општина Кочани на сметката на „Еразмус+”, со што предизвикал материјална штета на Буџетот на Општина Кочани, за истиот износ.

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here