дома Македонија Утре втора шанса за судските реформи

Утре втора шанса за судските реформи

491
0
АКЦИЈА

Собраниската комисија за политички систем ќе расправа утре за системскиот закон за судови и за законот за Судскиот совет, кои се дел од реформскиот пакет, а кои во четвртокот не дојдоа на ред за усвојување во парламентот.
Владејачкото мнозинство очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за судските закони, за да може да се обезбеди двотретинска поддршка за нивно донесување, како што минатата седмица беа донесени законите за заштита на сведоци, за ОТА и за следење на комуникациите.

Работните групи на ВМРО-ДПМНе и на СДСМ и во текот на викендот ги усогласуваа ставовите околу судските реформи. Од опозицискиот табор велат дека веќе речиси и да нема разлики во однос на законот за Судскиот совет, додека за законот за судови останува да се допрецизираат одредени одредби во однос на дисциплинската одговорност за судиите. Според наши информации, ВМРО-ДПМНЕ инсистра на градација на казните за судиите – на лесни, тешки и многу тешки. За полесна одговорност би се сметале случаите на прекршување на етичкиот кодекс, а за потешка – прекршувањата на деловникот за работа. За многу тешка одговорност би се сметале евентуални кривични дела за кои е предвидена повисока казна од шест месеци затвор.

Од СДСМ велат дека нема поголеми разидувања со ВМРО-ДПМНЕ и дека прифатените забелешки на опозицијата се преточени во заеднички амандмани. Од Владата сметаат дека реформските закони, освен што се политички усогласени, треба да наидат на поддршка и од стручната јавност. Така, на пример, законот за законот за бесплатна правна помош бил вратен на доработка во Владата бидејќи јавната разправа резултирала со забелешки за над 50 проценти од предложените членови. (А.М.М.)

Превземено од Независен весник

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here