дома Балкан Српска напредна странка во Република ...

Српска напредна странка во Република Македонија Оштра осуда за гласањето за прием на така нареченото Косово во така наречениот Совет на Европа

126
0
АКЦИЈА

Председателот г-дин Драгиша Милетић и Српската напредна странка во Република Македонија
како и сите нејзини членови и подржувачи најостро ја осудуваат подршката на така нареченото
Косово во така наречениот Совет на Европа од страна на Република Македонија и така наречената
самостална одлука на Република Македонија
Советот на Европа е тело кое е формирано во 1949 година и кое се состои од 47 држави членки.
Основната функција на ова тело би требало да биде заштита на основните лични и демократски
права и слободи во Европа, а најважни акти би требало да бидат донесувањето на Европската
конценција за човекови права во 1950 година, воспоставување на наводен Европски суд за
човекови права, како Постојаниот систем на правна заштита. И толку… Теорија….
Основните цели на Советот на Европа би требало да бидат: унапредување на парламентарната
деморатија, почитување на човековите права и воспоставување владение на правото… И толку…
Теорија… Се тоа е поставено на начин да ги штити “нивните” демократија, човековите права на
тие со плава крв, со систем на правна заштита за осуда и пресуда на тие кои не се “нивни”
Денес во овој така наречен Совет на Европа, во кој “демек” се брани некаква, така наречена
демократија, во која се почитуваат наводни, така наречени човекови права се прекршува по кој
знае која пат, така нареченото владение на правото. Односно, денес е прифатено барањето на
така нареченото Косово за членство во тој така наречен Совет на Европа…
Имено, додека тој така наречен Совет на Европа кој наводно ги штити правата на Украина заради
руската специјална воена акција (прашање е затао што и зошто и ги осудува сите кои не ГО
ПОСЛУШУВААТ – како Србија на пример која се согласува со осудата на анексијата, а не и со
санакциите, затоа што знае добро што значат санкциите за народот), денес со строги притисоци и
со подршка од 33 држави членки го прифати барањето на така нареченото Косово за членство.
Голем број од тие држави кои дадоа подршка со помош на така наречениот Совет на Европа, да
потсетиме со најтежок облик на анексија и со убиство на илјадници луѓе, со директен напад
на СУВЕРЕНА ДРЖАВА, со бомбардирање на цела СРБИЈА, со осиромашен ураниум кој
треба да го уништува народот уште многу години, со бомбардирање породилишта (бебиња),
со бомбардирање телевизија во центарот на Белград, со лажни избеглици, со лажни договори
во истиот тој така наречен Совет на Европа, лажни Резулиции, со лажни клевети и пресуди
во Хаг-суд само за српскиот народ и на се што е надвор од човековиот ум го отцепи, отуѓи
така наречното Косово и со сила го прави некаква држава на штета на Србија.

Па, на се ова што е горе наведено кога ќе се додадат долгогодишни САНКЦИИ ПРОТИВ
СРБИЈА со кои народот го доведоа до работ на пропаста, денес против истиот тој народ упорно
спровеуваат рецесионистичка политика против мирниот и добронамерен народ. И денес на сите
овие зла претставниците на делегацијата на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, која попатно речено го
призна така нареченото КОСОВО, гласаше за прием на тоа така наречено КОСОВО во тој така
наречен Совет на Европа. Е па, драги претставници на таа така наречена делегација, помошта од
Србија изразена во вакцини не беше така наречена – ТУКУ ВИСТИНСКА, помошта во жито – не
беше така наречена – ТУКУ ВИСТИНСКА и што уште не… Е па, така наречена делегацијо на
Република Македонија, во така наречениот Совет на Европа кое зло СРБИЈА ни го стори за да и
враќаме со нож во грб И ТОА ПОСТОЈАНО?
Српска напредна странка во Република Македонија и Председателот Драгиша Милетић
најоштро го осудува приклучувањето на Република Македонија кон земјите кои
учевствуваат во подршката на приемот на така нареченото Косово во така наречениот
Совет на Европа и бара итно повлекување на оваа подршка и инсистира на покренување
барање во Собранието на Република Македонија за повлекување на признавањето на така
нареченото Косово. Сепак, утре не се знае кој за што и за кого ќе гласа?
Председател

Српска напредна странка во Република Македонија

Драгиша Милетић

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here