дома Свет Пyтин: Рycите и Укpaинците се еден ист нapoд, ние се бopиме пpoтив...

Пyтин: Рycите и Укpaинците се еден ист нapoд, ние се бopиме пpoтив нeoнациcтите

169
0
АКЦИЈА

Додека се водат преговорите меѓу руската и украинската страна, претседателот на Русија, Владимир Путин се обрати пред рускиот Совет за национална безбедност.

Тој рече дека Украинците и Русите се еден народ.

„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се еден народ, но ние се бориме против неонацистите кои имаат затвореници дури и од Блискиот исток. Тие користат цивили и странци како жив штит. Заробија студенти на железничката станица во Суми, кинески студенти кои сакаа да го напуштат градот“, рече Путин.

Најави поддршка за семејствата на загинатите и ранетите за време на „специјалната операција во Украина“.

Рускиот претседател додаде дека се’ се одвива според планот и ги пофали руските војници нарекувајќи ги вистински херои.

„Сите поставени цели се решаваат или успешно се постигнуваат“, рече Путин.

Првиот човек на Русија додаде руските сили обезбедиле хуманитарни коридори низ кои цивилите можат да избегаат, но дека украинските националисти ги блокираат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here