дома Свет Зеленски за Си-ен-ен од бункер во Киев: Побарав Бајден да испрати порака...

Зеленски за Си-ен-ен од бункер во Киев: Побарав Бајден да испрати порака до Москва во неговиот говор за состојбата на нацијата

190
0
АКЦИЈА

Си-ен-ен збележува дека украинскиот лидер изгледал уморно и под стрес, но бил пријателски расположен со новинарските екипи. Рекол дека не го видел своето семејство три дена, а на прашањето какви му се деновите, тој одговорил: „Работам и спијам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика американскиот колега Џо Бајден да пренесе силна и „корисна“ порака за руската инвазија во неговиот говор за состојбата на нацијата што ќе го одржи вечерва по американско време, и е негово прво вакво обраќање од именувањето.

Зеленски даде интервју за Ројтерс и Си-ен-ен од таен бункер во Киев, порачувајќи дека „Украина ќе се бори посилна од коа и да е“, но дека не може сама во војната против Русија.

Украинскиот претседател истакна дека разговорите за прекин на огнот би можеле да бидат сериозни само ако прво престанат борбите.

„Ако вие го направите ова, и двете страни го прават тоа, тоа значи дека тие [Русија] се подготвени за мир. Ако тие не се подготвени, тоа значи дека само губите време. Ќе видиме [дали се подготвени]“,

рече тој.

Зеленски, кој разговараше со американскиот претседател Џо Бајден во последните неколку часа, рече дека сака американскиот лидер да се осврне на ситуацијата во Украина во неговиот говор за состојбата на нацијата вечерва.

„Украина е срцето на Европа и сега мислам дека Европа гледа дека Украина е нешто посебно за овој свет. Затоа [светот] не може да го изгуби ова нешто посебно“,

изјави тој.

Си-ен-ен збележува дека украинскиот лидер изгледал уморно и под стрес, но бил пријателски расположен со новинарските екипи. Рекол дека не го видел своето семејство три дена, а на прашањето какви му се деновите, тој одговорил: „Работам и спијам“.

Превземено од: 360stepeni.mk

360 степени

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here