дома Вселена Заменик-градоначалникот на Мариупол бара НАТО да испрати трупи: Нема начин да се...

Заменик-градоначалникот на Мариупол бара НАТО да испрати трупи: Нема начин да се запре Путин додека НАТО не се разбуди

210
0
АКЦИЈА

Русија нема да запре додека не ја опустоши земјата и голем број цивили не бидат убиени, изјави Сергеј Орлов за Би-би-си

Повикот од Мариупол стигнува во време кога западните министри за надворешни работи се во Брисел каде ги очекува интензивна дипломатска активност за да го проценат нивниот одговор на војната во Украина и да размислат што треба да се направи. Министрите за надворешни работи – од НАТО, од Г7 и од Европската унија – ќе се состанат во серија и ќе разговараат што повеќе треба да се направи

Заменик-градоначалникот на јужниот пристаништен украински град Мариупол кој се денови е под жестоко гранатирање од руските сили ги повика лидерите на НАТО да испратат војници во Украина, велејќи дека Русија нема да запре додека не ја опустоши земјата и голем број цивили не бидат убиени.

„Нема начин да се спречи Путин да ги убива нашите цивили од небо додека НАТО не се разбуди и не разбере дека тоа не е регионален конфликт – тоа е војна против демократијата, против слободата, против еден од најголемите европски нации. Изгледа дека [лидерите на НАТО] не разбираат дека Путин нема да запре, тие се исплашени и ова е штета. И очекуваме дека еден ден лидерите на НАТО ќе разберат дека е сосема неопходно да се обезбеди директна воена поддршка за Украина за ова да престане. Или барем да го затвориме нашето небо за да не заштитиме од заканата од небото“,

изјави Сергеј Орлов во интервју за денешната програма на Би-би-си Радио 4.

Жителите на Мариупол изјавија за Би-би-си велат дека се обидуваат да го преживеат немилосрдниот налет на руско гранатирање што уништи станбени населби и го прекина снабдувањето со електрична енергија и вода.

Драматичен апел за помош вчера упати и градоначалникот на Мариупол.

„Тие ги блокираат коридорите за снабдување со храна, нè ставаат во блокада, како во времето на Ленинград“,

велат локалните власти алудирајќи на продолжената опсада на рускиот град од германските сили за време на Втората светска војна.

Поради ваквата состојба, украинската вицепремиерка Олга Стефаншина, за Би-би-си Радио 4 изјави дека НАТО-алијансата е делумно одговорна за смртните случаи на цивили во земјата со тоа што одбива да воведе зона на забранети летови над Украина.

„Нехумано е да се знае дека цивилното население и децата ќе бидат убиени со тоа што нема да ја донесат оваа одлука. Крвта на тие цивили – вклучително и мајка и татко на две деца кои се родени само вчера и дури денес ги загубија своите родители во гранатирање – не е само на руски раце“,

рече таа и се извини што не била дипломат во изборот на зборовите, додавајќи дека зборува додека „седела во засолниште“.

Членките на НАТО одбија да воспостават зона на забранети летови, бидејќи се загрижени дека тоа ќе го ескалира конфликтот со ставање на западните сили во директна борба со руските воздушни сили.

Серија состаноци во Брисел

Повикот од Мариупол стигнува во време кога западните министри за надворешни работи се во Брисел каде ги очекува интензивна дипломатска активност за да го проценат нивниот одговор на војната во Украина и да размислат што треба да се направи.

Министрите за надворешни работи – од НАТО, од Г7 и од Европската унија – ќе се состанат во серија и ќе разговараат што повеќе треба да се направи.

НАТО ќе го разгледа дополнителното засилување на источното крило на воената Алијанса. Ќе има дискусии за поддршка на земјите кои не се членки на НАТО, како Грузија и Молдавија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска, ги осуди акциите на Русија во Украина, вклучително и гранатирањето на нуклеарна централа.

генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги осуди акциите на Русија во Украина, вклучително и гранатирањето на нуклеарна централа.

Запорожје – најголемата нуклеарна централа во Европа – сега е под руска контрола.

„Ги осудуваме нападите врз цивили и во текот на ноќта видовме извештаи за напад врз нуклеарна централа. Ова само ја покажува непромисленоста на оваа војна и важноста да се стави крај и важноста Русија да ги повлече сите свои војници и да се вклучи со добра волја во дипломатските напори“,

изјави Столтенберг при пречекот на американскиот државен секретар Антони Блинкен пред состанокот на НАТО.

Министрите на ЕУ ќе ја проценат хуманитарната криза и практично ќе го слушнат својот украински колега Дмитро Кулеба, кој се очекува да се заложи за поголема поддршка за воздушна одбрана.

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас ќе стане првиот министер на Велика Британија по Брегзит што ќе присуствува на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Таа рече дека денешните разговори биле дизајнирани да сигнализираат силна поддршка за Украина, истовремено заострувајќи осудата на, како што ја нарече „воената машина на Путин“.

Целта, велат дипломатите, е да се повтори и консолидира западното единство. Но, што се однесува до ангажманот со Русија, тие велат дека изгледа „многу тешко“.

Превземено од

360 степени

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here