дома Македонија СЕ ГЛЕДАМЕ НА СУД Арсовски нема да му се извини на Заев

СЕ ГЛЕДАМЕ НА СУД Арсовски нема да му се извини на Заев

206
0
АКЦИЈА

Република Македонија во чие име говорам е Зоран Заев и неговата клика околу него, напиша на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Денеска, лично од Зоран Заев, ми пристигна барање за извинување за моја прес-конференција во која кажувам дека има склоност кон криминал, дека ја ограби државата и дека функционира како шеф на нарко-картел кој шверцува дрога со државни ресурси, информираше портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Ми пристигна барање за извинување за моја прес-конференција лично од Зоран Заев, не од неговата партија или од Влада, туку лично од него преку негов полномошник-адвокат. Очигледно Заев е малку нервозен поради тоа што многу набрзо нема да има ниту една привилегија од тие што ги имаше изминативе години. Имено, во прес-конференцијата наведов дека има склоност кон криминал, претрпе еден од најголемите порази од ВМРО-ДПМНЕ и од Мицкоски со над 100.000 разлика, дека ја ограби државава, дека никој не одговараше за 14 изгорени луѓе во тетовската болница и дека функционира како шеф на нарко картел кој шверцува дрога со државни ресурси. И да, стојам позади ова што го кажав и ниту една тужба нема да ги смени овие особини на Зоран Заев. Немам намера да се извинам, единствен кој треба да се извини на граѓаните и Република Македонија во чие име говорам е Зоран Заев и неговата клика околу него. Се гледаме на суд, се надевам ќе има храброст барем малку, да дојде лично, бидејќи лично ќе ме тужи, да се соочиме пред Судот и граѓаните и да му ги покажам сите криминални активности што му се припишуваат нему како премиер на оваа влада“, напиша Арсовски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here