дома Македонија Милетиќ Петар: СДСМ – Гробари на американско-европската поддршка во Македонија

Милетиќ Петар: СДСМ – Гробари на американско-европската поддршка во Македонија

277
0
АКЦИЈА


СДСМ и нивните партнери се дефинитивно најефикасното погребно друштво на американско-европската доверба кај народод во Македонија. Од самостојноста на Република Македонија, НАТО и ЕУ поддршката не била на толку ниско ниво во Македонија како што е денес. Еруптивен прогрес во анти НАТО и анти ЕУ на македонците. Оваа состојба им овозможува на нивните  противници од Истокот влијание кое трпеливо пенетрира во секоја пора на општеството, од долните до највисоките нивоа.
З.З. и СДСМ создадоа и создаваат очај, штета и невидени преседани. Нивниот „успешен“ модел го имплементираа во неколку клучни ситуации:
1.       Македонија спроведе неуспешен референдум за промена на името, но тиа одлучија да го променат името со картелска тактика, уцени, закани, поткуп и вадење пратеници од притвор. Тие, притворените за возврат добиваа ослободителни пресуди, наградни тендери и бизниси. Покритието за таа кримогена, картелска акција ја правдаа со изговорот дека зад  нив стои Америка и Западна Европа;
2.       Откако не успеаја да обезбедат провизии (а кои беа јавно обелоденети), пардон вакцини во екот на пандедмијата од Ковид 19, Зоран З. одлучи да ја обвини Европа. Лично тој посочи дека ЕУ-државите не се солидарни, туку себични и дека сакале да си го спасат само нивното население. З.З. ги прогласи за виновни, продолжи да ја форсира таа кампања, а ја круниса со потег-обвинение, нарушувајќи му го интегритетот на човек од една западна Агенција. „Сочуствувајќи“ со маката на македонскиот народ кој нема вакцини, тој со треперлив глас изјави: „Разговарав со директорот на таа и таа агенција, а кој беше и амбасадор и побарав помош, да ни пратат вакцини, но и од нив ништо!“;
3.       Откако пукна аферата „Пасоши“, повторно ги обвинија западните земји, користејќи ја пропагандната бригада аналитичари, кои во нивните емисии анализираа дека Америка, Британија и други влиателни западно-европско држави барале од Македонија да им издадат државјанство и пасоши со друг идентитет на интернационално-криминална група, но само за 10 – 20 луѓе. Арно ама, замислете, ниско рангираните службеници го злоупотребиле тоа и верувале или нé, направиле 100 – 200 пасоши со туѓ идентитет, овозможувајќи им на криминалците комотно да транзитираат по западно европските држави. Арно ама (верувале или не), нашиве високо позиционирани функционери поим немале што се случува. Ах бе западњаци, западњаци, што сé направи Заев и оваа Влада за вас, а вие сé уште не му отварате пазар за марихуаната ццццццццц.
4.       А З.З, од време на време, особено кога ќе му згрмеа од ЕУ, особено од американската амбасада, организираше акција и апсеше Руски дипломат што пиел кафе на Ленинова и наводно собирал информации од витално значење за НАТО и ЕУ. Додека се протерува непријателите, се правеше театар само за да се сврти вниманието од актуелните трули постапки. Ден потоа, преку нивни канали се извинуваа, но Русија како и обично не обрнуваше внимание, туку покажуваше разбирање. Дури им простуваа и многу пати не преземаа реципрочни мерки;
5.       Првото видео обраќање на Кастриот Реџепи по неговото исчезнување беше на албански јазик и бидејќи не го разбрав, помислив дека ги соопштува последните зборови, простувајќи се од блиските и саканите. Блиско-источната заложничка драма за среќа и фала му на Бога не  била до толку драматична, па да не грешам душа, ама изгледа се решила по принципот на пазарната економија. Сепак, на крај испадна дека не е ниту заложничка драма ниту пазарната економија, туку дека Американците му кажале да ја спаси Македонија од мнозинството граѓани. Таа негова одлука за спас ја поддржале и останатите западно-европски држави. Па така, тој дури и молитва намени за нив. И по којзнае кој пат, прстот беше вперен кон САД и ЕУ.
 
Во името на неопходниот баланс, апелирам до ЕУ и американските дипломати соодветно да реагираат на овие упатени обвинувања и да ги афирмираат западно-европските и американски вредности и демократија. Само така ќе може да се врати довербата на граѓаните во Македонија кон западно-европските вредности и бенефити. Секој миг со штетните дејствија на Зоран З. и СДСМ ја одалечува Македонија од зацртаната дестинација – ЕУ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here