дома Колумни Петар Милетиќ: Пандемија Муртински синдром 2021.

Петар Милетиќ: Пандемија Муртински синдром 2021.

346
0
АКЦИЈА



Откако на минатогодишните претседателски избор Зоран Заев најави метла, започна пандемијата позната под името Муртински синдром 2020, а неговата мутација Муртински синдром 2021 се покажа дека е исклучително опасна. Новата синдромска мутација се одликува со исклучително опасна трансмисија, особено кон скопското крило на СДСМ. Оваа синдромска девијација предизвикува суров напад на имунолошкиот систем во ова крило на СДСМ, но и на останатите непријатели или неистомисленици на З.З.

Кај креаторот на овој опасен вирус константно се јавува заслепеност, искривена перцепција и психолошки тегоби, кои патем се надградба на неговата основна матрица. Упатството за дистрибуцијата на овој синдром, З.З. го „посеаал“ во сите општински организации на СДСМ. Меѓу нив е и општинската организација на СДСМ за општина Центар во која се неколку луѓе кои се на клучни позиции во партијата.

Пред некој ден ги спротивставив аргументите со еден мој познаник кој супериорно ме убедуваше дека во општина Центар и магаре да ставеле, ќе победеле, па макар и со 100 гласа разлика. Бидејќи тој мој познаник на кого нема да му го споменам името е доста близок со раководството на општинската организација во Центар, сакам јавно да прашам: „Дали вие млади момчиња мислите дека така треба да не третирате нас граѓаните кои живееме во општина Центар? Навистина ли овој Муртински синдром 2020 толку влијае на расудувањето па не можете да разберете дека омаловажувате чесни, високо образовани граѓани, професори, доктори, научници, уметници, боеми, работници и сите останати кои се жители на оваа општина? Дали сте свесни дека тие вложувале во себе и својата општина со децении, но на чесен начин? А вие? Вие ќе кандидирате магаре?

Навредливо, срамно, ниско.

Впрочем, не е ништо ново, ниту звучи изненадувачки кога ќе се потсетиме дека 5 години не знаевте знаме да погодите, да споите два со два.

Среќа, за овој Муртински синдром и за сите негови мутации има ефикасен и делотворен лек, а е познат под името Локални Избори 2021 година. Неделната гласачка доза е 100% ефикасна, делува на расположението на нас магарињата и го уништува Муртински синдром инстантно, без можност за ремисија.

Се гледаме понеделнички во здраво, среќно и светло општество!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here