Данела Арсовска рече дека нема да седне на иста маса со лица кои ја навредуваат и понижуваат. Таа рече нема променето име како што се пишува јавно, а тоа може да се докаже со извод од матична книга на родени. Негираше дека има бугарско државјанство
“Јас не поднедувам оставка, а тој нека си ја спреми оставката за во понеделник”, рече Арсовска упатувајќи порака до Зоран Заев.
Претходно премиерот Зоран Заев изјави дека кандидатката Данела Арсовска која е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, има бугарско државјанство.