дома Македонија Милетиќ: даде краток опис на кандидатите за градоначалници од СДСМ

Милетиќ: даде краток опис на кандидатите за градоначалници од СДСМ

299
0
АКЦИЈА

Морал (еднина)
 
Системот од норми за однесувањето на членовите на едно општество е една од дефинициите за именката морал и која нема множина. Токму оваа граматичка специфика е веројатно причината на моралните квалитети на ССДСМ, или поточно на „лидерите и кандидатите за Градоначалници“ на Северно Социјал Демократски Сојуз на Македонија. Почетокот на  предизборната кампања за локалните избори ја одбележува фарсата на функционерите и кандидатите за Градоначалници на ССДСМ, кои од своите службени возила, „спортски“ седнаа на велосипедите за да се фотографираат. За да не потсетат дека е сé „зелено“, „еколошко“, „чисто“, „убаво“, но и да ни сугерираат дека и тие се „обични“, „посредни“, „наши“. Изненадувачка е и нивната трансформација со која ги покажуваат своите мулти таленти за сите спортови: тенис, пинг понг, фудбал, кошарка, одбојка, уметничко лизгање, хокеј, голф итн. Веројатно до завршувањето на кампањата ќе имаме прилика да ги видиме и во улога на пеачи, танчери, нуркачи, багеристи и можеби текстилни работнички.
Другата дефиниција за моралот (еднина) гласи: свест на човекот за должностите и волја, готовност за примање и извршување задачи. Должност, извршување задачи… Уф! Мачно! Тие спортисти и моралисти, маченички ја арчеа и ситнеа земјава, крвнички ја исцедија и осиромашија, но за себе (еднина) не се штедеа. Извршуваа задачи, должности и заработија кој куќа, кој две-три, пет, живот за една-две генерации, а можеби и за пет-шест. „Морално искрени“ и самоуверени, без ронка совест и свест дека ништо, ама ништо добро не направија, тргнаа во нов, „искрен“ бој.
Но дали обичниот човек, граѓанин, сосед, пријател или роднина е среќен со Вас? Дали тој, таа или тоа живее посреќно, повесело, побезбедно? А животов? Скапотија, сиромаштија, тага, смрт, песимизам, корупција, депресија…
Ако добро ви го разбирам слоганот „Можеме уште повеќе, уште подобро!“, можам само да ви сугерирам, ДОСТА е, аман! Така некако ќе ја завршите својата епопеја на локално ниво, ќе завршите – тажно,а нормално потоа следи и ревизија. А богами лошо ќе поминете и на парламентарните избори догодина.       
Добрица Чосиќ, мојот сонародник од соседството пласирал една мисла која гласи: „Лева руко, чувај се! Десната, твоја сестра држи нож“. А вашата десна рака е народот, мудро, истрајно и праведно ќе го зарие длабоко своето пенкало во партијата која му мисли добро и сака да го види среќен, достоинствен и почитуван. Ќе боли!  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here