дома Балкан Српската напредна странка во Македонија:Глобалното затоплување е најголем предизвик

Српската напредна странка во Македонија:Глобалното затоплување е најголем предизвик

221
0
АКЦИЈА

Поплавите што ја зафатија западна Европа јасно ставија до знаење дека најесриозно и што поскорко бењз одложување треба да се превземат сите мерки против глобалното затоплување. Овој процес е долготраен и нема да трае кратко, затоа човештвото е исправено пред еден голем предизвик кој се покажува како безмилосен и многу опасен. Многу индустрии, мануфактури, произвоства, брендови, автомобилски гиганти, градежни компании, сточни фарми, итн, ќе треба да се реорганизираат со помош на науката и владите ширум светот во начинот на прозводството на своите крајни продукти. Затоа овој процес на намалување на carbon emmisions ќе биде долготраен и многу значаен во спасувањето на нашата планета и човештвото. Како единки кои му припаѓаат на човештвото имаме задача и обврска, заради нашата безбедност пред се да постапуаме по еколошките норми со кои повеќето сме запознаени. Свеста за нашата посигурна иднина и одговорноста која оди со неа, на сето жалење можеме да ја воочиме од фактички ситуации како оваа со поплавите во западна Европа. Владите ќе треба исто така да превземат конкретни мерки и воспостават закони кои ќе се однесуваат на сузбивањето на глобалното затоплување. Изразуваме големо жалење за жртвите од поплавите и воедно апелираме, на поголема застапеност на едукативни видео спотови кои ќе допринесат кон запознавање особено на помладите генерации со еден од главните предизвици на нашето време, глобалното затоплување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here