42-годишната руска актерка и водителка Елена Ленина, секоја година е во центарот на вниманието на Канскиот филмски фестивал.
Во неа никој не гледа поради истакнатите облини или необичната креација туку поради „лудите“ фризури кои обожува да ги носи на црвениот тепих.
Оваа година многумина се прашуваа како е воопшто можно да се стилизира коса која целосно да го побива законот на гравитација, а Елена апсолутно ужива во ваквите коментари.