дома Живот Одлична вест: Одобрена првата ковид-вакцина за бремени жени

Одлична вест: Одобрена првата ковид-вакцина за бремени жени

195
0
АКЦИЈА

Министерството за здравство на Русија ја одобри употребата на вакцина против коронавирусот „Спутник V“ за бремени жени, изјави министерот Михаил Мурашко.

– Експертската заедница одлучи да ги укине контраиндикациите за употреба на вакцината „ГамКовидВак“ за бремени жени. Ова отвора можност за вакцинирање на бремени жени со висок ризик од тешка форма на инфекција – рече Мурашко на владиниот совет за борба против ширење на коронавирусот.

Тој објасни дека одлуката е донесена земајќи ги предвид позитивните резултати од клиничките испитувања и безбедноста на вакцината, како и податоците собрани за нејзината ефикасност и безбедност за време на клиничките испитувања во периодот по регистрацијата.

Мурашко истакна дека бремените жени, меѓу другото, можат да бидат заразени и со ковид-19 со тешка форма.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11-ти август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против вирусот ковид-19 во светот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here