дома Вести Рено 4 се произведуваше и во Југославија, а го имаше во 100...

Рено 4 се произведуваше и во Југославија, а го имаше во 100 држави, сега се враќа на сцена

243
0
АКЦИЈА

Share on facebook Share on twitter

  • Рено 4 беше толку популарен што беше продаден во над 100 земји ширум светот и во меѓувреме стана вистинска поп-икона.
  • За нешто повеќе од три децении има продадено 8.135.424 примероци.
  • Овој француски автомобил е произведен во дури две фабрики во поранешна Југославија

Познатиот автомобил Рено 4 кој се рекламираше како „малиот џин“ и „победник на времето“, се појави во 1961 година и се произведуваше до 1993 година.

Рено целата 2021 година ќе ја посвети на својот легендарен модел R4, кој за нешто повеќе од три децении има продадено 8.135.424 примероци.

Познатата „четворка“ беше толку популарна што беше продадена во над 100 земји ширум светот и во меѓувреме стана вистинска поп-икона.

Рено 4 беше претставен на Салон на автомобили во Париз уште во 1961 година, заменувајќи го тогаш многу популарниот модел „4CV“.

Првиот мотор кој беше вграден во „четворката“ во тоа време беше во просечната класа на која тогаш и припаѓаше Рено 4, додека денес е во категоријата малку посилни скутери според просечната моќност.

Првата верзија беше напојувана од четирицилиндричен мотор со зафатнина од 747 кубни метри, кој развиваше се на се 19 kW (26 КС). Моќност пренесуваше на предните тркала преку тристепен мануелен менувач.

Патем, рачката на менувачот во стилот „чадор“ беше на таблата и оние што ја користеа имаат само пофални зборови за тоа. Со текот на времето, автомобилот „порасна“ на 956 кубни метри и 25 kW (34КС).

Најголемиот мотор со волумен од 1108 кубни метри разви и 25 kW (34 КС), но со малку поголем вртежен момент.

Исто така, заедно со поголемите и посилните агрегати, дојде и менувач со четири степени на пренос.

Интересно е што овој француски автомобил е произведен во дури две фабрики во поранешна Југославија. Прво во Литострој, а потоа и во ИМВ, сè до крајот на производството.

Инаку, Рено на почетокот на годината објави дека ќе ја обнови „четворката“, но како комплетно нов, модерно дизајниран електричен модел.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here