дома Балкан Словачкиот министер за надворешни работи утре во посета на Македонија

Словачкиот министер за надворешни работи утре во посета на Македонија

254
0
АКЦИЈА

Министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Иван Корчок утре ќе престојува во работна посета на земјава на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Покрај средбата во Министерството за надворешни работи, Корчок ќе се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев. 

Министерството за надворешни работи соопшти дека на средбите ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете земји, можностите за нивно унапредување во сите области од заемен интерес, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план. Се очекува да бидат отворени и темите за евроинтегративните процеси на нашата земја, соработката во рамки на НАТО и другите меѓународни организации.

Посетата на словачкиот министер е во рамки на неговата турнеја по земјите од Западен Балкан и ангажманите на Словачка за обезбедување европска перспектива за регионот.

Извор Сител телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here