дома Свет Трамп наредил да не му се исплаќаат веќе хонорари на неговиот адвокат...

Трамп наредил да не му се исплаќаат веќе хонорари на неговиот адвокат Руди Џулијани

237
0
АКЦИЈА

Трамп го обвинува својот долгогодишен адвокат и многу други за актуелната состојба, а го исклучил и од тимот кој ќе го брани од импичмент

Бесен од изгласувањето на резолуцијата во Претставничкиот дом за негово отповикување, второ во неговиот четиригодишен мандат, американскиот претседател во заминување Доналд Трамп наредил да престане исплаќањето хонорари на неговиот адвокат Руди Џулијани, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на изјава на лице кое е запознато со ова прашање. Сепак, персоналот се уште не е сигурен дали ова упатство на Трамп е сериозно, имајќи ја предвид неговата блискост со Џулијани.

Слуачајот со хонорарите на Џулијани прв го отвори весникот „Вашингтон пост“.

Трамп го обвинува својот долгогодишен адвокат и многу други за актуелната состојба, но не презема лична одговорност. Дека нешто не во ред на релација Трамп – Џулијани, покажува и фактот што поранешниот градоначалник на Њујорк, кој се очекуваше да игра улога во одбраната на импичментот, засега е изоставен од повеќето разговори.

Џилијани ги застапуваше сите тужби и жалби на Трамп за изборните резултат, кои беа сите до една одбиени во федералните судви и во Врховниот суд на САД.

Друга мета на гневот на Трамп е портпаролот Кевин Мекарти, кој дополнително го налути, со тоа што го посочи Трамп како одговорен за немирите минатата недела.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here