дома Балкан Ердоган прими кинеска вакцина против коронавирус

Ердоган прими кинеска вакцина против коронавирус

233
0
АКЦИЈА

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган ја прими кинеската вакцина KoronaВак против ковид-19 со цел да им даде пример на граѓаните, јави Анадолија.

Турското претседателство објави фотографија на која Ердоган со маска на лицето ја прима првата доза на вакцината во болница во Анкара.

– Се надевам дека кампањата за вакцинација ќе биде корисна и дека брзо ќе ги добиеме потребните 50 милиони дози вакцини – рече Ердоган.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here