дома Балкан Холштајн: Немаме план Б, преостанува отворање на преговорите за членство со С...

Холштајн: Немаме план Б, преостанува отворање на преговорите за членство со С Македонија во ЕУ

276
0
АКЦИЈА

Отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да се случи и се надевам дека ќе успееме да го постигнеме тоа оваа година. Нема друга атернатива. Исполнети се сите услови од страна на Северна Македонија, изјави денеска амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн.

Таа додаде дека како дипломат е ноторна оптимистка и изрази уверување оти може да се постигнуваат цели ако доволно напорно се работи на нивно исполнување.

Во текот на следните недели, истакна амбасадорката Холштајн, многу е важно да има соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија во оние области и сегмени каде нема разлики во мислењата, со што ќе се докаже дека постои добра соработка.

– Како и претходно и понатаму немаме план Б. Она што преостанува е отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, преостанува продолжување на разговорите за пристапување, изјави Холштајн откако денеска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му предаде донација од возила и опрема наменета за потребите на граничната полиција.

Во рамки на тројното претседателство со Португалија и Словенија, германската амбасадорка најави дека ќе продолжат со напорна работа со цел постигнување отворање на пристапните прегорои со земјава.

Таа појасни дека до последната минута на германското претседавање со Советот на ЕУ се обидувале да псотигнат едногласност меѓу сите 27 земји ченки на Унијата, но „успеале да постигнат соглсност со 26“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here