дома Балкан Телефонски разговараа премиерите Брнабиќ и Заев

Телефонски разговараа премиерите Брнабиќ и Заев

69
0
АКЦИЈА

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, утрово разговараше телефонски со македонскиот премиер, Зоран Заев, со заеднички изразена надеж за уште посилна соработка меѓу двете земји оваа година.

Како што му рекоа на Танјуг во кабинетот на премиерот, Заев и порача на Брнабиќ да им ги честита празниците на граѓаните на Србија и да им ги пренесе неговите честитки на претседателот Александар Вучиќ.

Премиерката на Србија најави дека на граѓаните на Северна Македонија нема да им треба ПЦР-тест за влез во Србија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here