дома Балкан Во Хрватска досега вакцинирани 20.000 граѓани

Во Хрватска досега вакцинирани 20.000 граѓани

239
0
АКЦИЈА

– Во Хрватска до денеска повеќе од 20.000 луѓе се вакцинирани против коронавирусот, вклучувајќи 37 проценти од здравствените работници и 56 проценти од корисниците на домови за стари лица, изјави министерот за здравство Вили Берош.

Според него, Хрватска во моментов е петта во ЕУ и 12-та во светот според бројот на вакцинирани на 100 жители.

На отворениот дел од владината седница, Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат.

Берош рече дека во земјотресното подрачје на округот Сисак-Мославина, заклучно со 6 јануари, речиси 2.000 дози вакцини биле доставени до службите за итни случаи, цивилите и здравствените работници.

Намерата е да се пренасочат одредена количина вакцини од другите окрузи кон тој округ со цел да се овозможи вакцинирање на 800 лица неделно.

Берош исто така рече дека Хрватска резервирала 715.970 почетни и 284.000 дополнителни дози од вакцината на „Модерна“, кои се логистички попрактични, па затоа се очекува полесна вакцинација на терен, објавија хрватските медиуми.

Извор Сител

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here