дома Балкан Клуге: Земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, како и Србија

Клуге: Земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, како и Србија

44
0
АКЦИЈА

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска, на редовната прес-конференција за коронавирусот, рече дека земјите од Западен Балкан ќе добијат вакцини рамномерно, на начин на кој Србија веќе ги обезбеди.

Тој беше прашан од новинар на британски Телеграф – кога другите земји во регионот од Западен Балкан „ќе обезбедат вакцини како Србија“.

„Политиката на СЗО е таква што гледаме вакцините да се дистрибуираат рамномерно и праведно насекаде, така што сите земји од Западен Балкан ќе ја добијат вакцината, како и Србија“, рече Клуге.

Во Србија вакцинацијата почна на 24 декември, а први се вакцинираа премиеката Ана Брнабиќ, министерката Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон, кои ја примија вакцината на „Фајзер“.

Вчера, пак, претседателот на српскиот Парламент Ивица Дачиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек ја примија руската вакцина за коронавирус Спутник V.

извор Сител

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here