дома Балкан Подзасилени контроли за Божиќ

Подзасилени контроли за Божиќ

47
0
АКЦИЈА

Граѓаните биле совесни за новогодишната ноќ која поминала мирно и безбедно и без многу прекршувања на протоколите за заштита од КОВИД-19. Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашкоска денеска на редовната прес-конференција истакна дека очекува така да биде и за претстојните празници Бадник и Божик, но повторно апелираше до сите граѓани и до стопанствениците да ги почитуваат мерките.

-Да празнуваме одговорно, во кругот на семејството, да се воздржиме од прослави и да нема групирања. Надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови ќе спроведуваат интензивни контроли на терен, сè со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, рече Грашковска, која денеска ги презентираше податоците за спроведените контроли од 28 декември до 3 јануари. Во овој период, седумте инспекциски служби извршиле вкупно 5718 надзори и контроли.

Таа во одговор на новинарско прашање во однос на палењето бадникарски огнови што традиционално се организираат на 5 јануари навечер, потсети дека е сè уште во сила мерката за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавни простори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here